Арбен Таравари во хирургија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерството за здравство ќе спроведе ист тендер за компресорска станица како тој што пропадна

Новиот тендер за набавка на компресорска станица во делот на предметот на набавка не може да се разликува суштински бидејќи станува збор за ист предмет на набавка, велат од Министерството за здравство на прашањата на „Слободен печат“ во што се разликува тендерот што тие ќе го спроведат, во споредба со оној на заеднички служби кој пропадна бидејќи ниедна фирма не се јави на повикот. Оттаму велат дека и нивниот тендер ќе биде со проценета вредност од 300 илјади евра исто како претходниот.

– Средствата за реализација на предметот на набавка во овој случај ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство, имајќи ја предвид финансиската состојба на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар–Скопје и ЈЗУ Универзитетски клиники, кои требаше да го финансираат предметот на набавка. Во однос на проценетата вредност известуваме дека ќе биде истата од претходно објавената постапка, велат од Министерството.

За одржување на станицата за технички гасови задолжена е Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар–Скопје и ЈЗУ Универзитетски клиники, и од тие причини, како и во досегашната пракса при спроведување јавни набавки за потребите на ЈЗУ и Јавната установа, Министерството за здравство побара од оваа јавна установа да номинира лице или лица, кои ќе бидат активно вклучени и во самата постапка, и тоа од самиот почеток до целосна реализација на предметот на нaбавка.

Тендерот за компресорска станица на Клинички ќе биде „копи-пејст“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот