Клима инвертер / Фото: МИА

Министерството за енергетика појасни: Ваучери за инвертери ќе може да се подигнат до крајот на ноември

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека доделување на вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување на инвертер клима што почнува утре, како мерка во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето ќе трае до крајот на месец ноември, но во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за добитниците кои нема да успеат утре да ги подигнат потврдите.

Оттаму посочуваат дека утре (четврток) доделувањето на вредносните ваучери ќе се изврши во Скопје во СЦ Борис Трајковски од 9 до 17 часот, во Битола во Спортска сала „Боро Чурлески“, а за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.

-Изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, беа спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето. Со цел олеснување и поефикасно доделување на ваучерите на граѓаните, процесот на дистрибуција оваа година е организиран со поголема флексибилност и достапност. За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, соопшти Министерството.

Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства. Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.

За сите дополнителни информации Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има отворено телефонски линии, имејл адреса, а сите информации редовно се објавуваат на веб-страницата на Министерството.

Важно: Ваучерите за инвертери можат да се подигнат само во текот на утрешниот ден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот