Фото: МИА

Министерот Нуредини до новинарите: Не е лошо и вие да знаете албански (ВИДЕО)

Старо-новиот министер за животна средина Насер Нуредини денеска на прес конференција ги презентираше новите проекти и приоритети на неговиот ресор на албански и англиски јазик.

На новинарско прашање, кога ќе проговори на македонски, збунето рече дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го знаат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.

„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не баш лошо да знаете, веќе сигурно не зборите албански, албански не е лошо. Ќе зборам во иднина и на македонски“, рече Нуредини.

Нуредни на денешната прес конференција се обрати на албански јазик, а новинарските прашања ги одговараше на англиски јазик.

Тоа беше последното прашање, а реакцијата на министерот може да ја погледнете во прилог (52 минута)

Министерот Нуредени одлично зборува англиски, германски и италијански јазик со оглед дека неговата професионална кариера се врзува за школувањето и  работата во Австрија, Германија и Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот