Министерот Муртезани и државниот секретар за Европска Унија во шпанското Министерство за надворешни работи, Европска Унија и соработка - Фернандо Мариано Сампедро

Министерот Муртезани се сретна со државен секретар во шпанското МНР

Во рамки на дводневната работа посета на Мадрид, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се сретна со државниот секретар за Европска Унија во шпанското Министерство за надворешни работи, Европска Унија и соработка – Фернандо Мариано Сампедро. Соговорниците, изразиле заемно задоволство од одличните билатерални односи, базирани на заеднички демократски вредности, членството во НАТО и заемна почит, велат од кабинетот на Муртезани.

„Министерот Муртезани ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка од страна на Кралството Шпанија за европската перспектива на земјата и на регионот Западен Балкан. Посебен акцент во дискусиите беше ставен на поддршката за отворањето на Кластерот 1 (Фундаментални вредности), како следен чекор во пристапниот процес, по успешно завршениот скрининг за сите кластери според ревидираната методологија. Муртезани информираше за тековната имплементација на Реформската агенда 2024-2027 и активностите поврзани со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, особено во насока на дигитална и зелена транзиција, владеење на правото, регионалната соработка и економската отпорност“, пишува во соопштението.

„Муртезани, исто така, ја истакна важноста од натамошна шпанска поддршка за принципот на заслуги и неполитизирање на пристапниот процес, со оглед на потенцијалните регионални предизвици кога би се билатерализирал европскиот процес. На средбата беа разгледани и можностите за унапредување на билатералната соработка, особено во економијата, енергетиката, одбраната, културата и образованието. Сампедро и Муртезани разговараа и на теми од регионално и глобално значење, вклучувајќи ја поддршката на Македонија за Украина, позициите во однос на блискоисточниот конфликт и регионалната стабилност на Западен Балкан. Во овој контекст, Министерот го поздрави ангажманот на Шпанија во рамки на Берлинскиот процес и нејзината поддршка за интеграцијата на регионот во Унијата. Муртезани ја реафирмираше цврстата определба на Македонија за членство во ЕУ и изрази очекување дека со натамошната поддршка од Шпанија, процесот ќе продолжи со засилен интензитет. Тој упати покана до државниот секретар Сампедро за возвратна посета на Скопје, со цел продолжување на дијалогот и натамошно продлабочување на соработката“, додаваат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот