Минирање во близина на спомен костурницата Зебрњак / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Минирале на автопат и затрупале фабрика и цистерна, кривични пријави за две странски фирми

Додека минирале за време на градежни работи на автопатот Гостивар – Кичево, затрупале фабрика и оштетиле цистерна. Две страски фирми ќе одговараат за предизвикана општа опасност.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност при градежни работи. Пријавените правни субјекти на 25.3.2025 година, при изведување на градежни работи на автопатот Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот