Фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO

Минатата година поради својата вера прогонети 260 милиони христијани

Вкупно 260 милиони христијани – католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти, пентекосталисти – биле тешко прогонети, а една година претходно бројката изнесувала 245 милиони.

Околу 260 милиони христијани во светот доживеаја „тежок прогон“ во 2019 година и оваа бројка расте, иако бројот на убиени поради својата вера паѓа, се наведува во извештајот на невладината огранизација „Отворена врата“ кој денес беше објавен.

Како што пренесува „Индекс“, оваа организација објави годишен индекс на петнаесет земји во кои христијаните најмногу се прогонувани, а го опфаќа периодот од ноември 2018 до октомври 2019 година.

– Вкупно 260 милиони христијани – католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти, пентекосталисти – биле тешко прогонети, а една година претходно бројката изнесувала 245 милиони – наведува организацијата.

Под прогон се подразбира насилство, кое може да оди до убиства, но и секојдневното, помалку забележливо угнетување.

– Таквиот пораст се толкува со влошувањата на состојбите на верска слобода во Кина на државно ниво, кое се шири на сѐ поголем број на покраини и ширење на џихадизмот во Африка – пишува оваа невладина организација.

Бројот на убиени христијани падна од 4305 на 2983, или за 31 отсто во однос на претходната година.

Сепак, Нигерија и понатаму води меѓу земјите со најголем број на убиени христијани поради својата вера (1350 мртви).

Ако се земат во предвид сите облици на прогон, Северна Кореја и понатаму е на врвот на годишната табела, а следат Авганистан, Сомалија, Либија, Пакистан, Еритреја, Судан, Јемен, Иран и Индија.

Фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот