Фото: МИА

Миле Бошњаковски ја повлече кандидатурата за член на Советот на АМВУ

Поранешниот владин портпарол, Миле Бошњаковски, ја повлекол апликацијата за член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тој за ова информираше попладнево на социјалните мрежи, со најава дека ќе даде приоритет на други професионални обврски.

„На утрешната јавна расправа на Комисијата за избор и именување во Собранието најавувам дека нема да бидам присутен. Би сакал јавно да се заблагодарам на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, како и на Институтот за комуникациски студии, кои ми ја дадоа нивната поддршка за кандидатурата. На останатите кандидати им посакувам среќа“, додава Бошњаковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот