
Милановиќ е против укинување на ветото од ЕУ
„Оваа иницијатива на Словенија и Германија и некои други земји одредени одлуки да не се донесуваат едногласно, туку со квалификувано мнозинство, колку што знам јас, нема поддршка од хрватската влада, ниту пак мојата“, рече хрватскиот претседател на самитот на Процесот Брдо-Бриони во Драч.
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, која е и копретседателка на Процесот, на самитот на Процесот Брдо-Бриони во Драч денеска рече дека Словенија, заедно со Германија, се залага за користење на квалификувано мнозинство за отворање на одредени преговарачки групи или поглавја.
Препорачано
Таа истакна дека оваа иницијатива „гради простор за дијалог“ и повика на побрзо и поефикасно приближување на земјите од Западен Балкан кон Унијата.
„Секој чекор во процесот на проширување бара консензус, што значи дека секоја земја-членка може да стави вето во секое време. Се надевам дека сите 27 членки ќе ја разберат потребата од забрзување на процесот. Потребни се двајца за танго“, рече Пирц Мусар.
Со оваа иницијатива не се согласи хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.оваа иницијатива, објави сд.рс.
„Оваа иницијатива на Словенија и Германија и некои други земји одредени одлуки да не се донесуваат едногласно, туку со квалификувано мнозинство, колку што знам јас, нема поддршка од хрватската влада, ниту пак мојата“, рече Милановиќ, јавуваат хрватските медиуми.
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова која учествува на самитот, укажа на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел. Таа истакна дека е цинизам и хипокризија да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската унија.
Таа потенцираше дека годинава, за разлика од лани, Декларацијата е усвоена со консензус на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.
За Сиљановска Давкованеа, соработката е неопходна заради решавање на заедничките проблеми, како: егзодусот на младите, опасноста од стагнирање на економијата и надминување на безбедносните предизвици.
„Верувам во добрата волја, верувам во добрите намери, верувам во посветеноста на Хрватска и Словенија на процесот и нивната посебна одговорност кон регионот и неговото забрзано чекорење кон ЕУ“, заклучи Сиљановска-Давкова.