Микробрановата печка може да биде вашиот идеален кујнски помошник

Како секој кујнски апарат, можеби и кај вас микробрановата печка е ставена во заборав или ја користите колку да загреете млеко или да направите пуканки? Сепак, постојат неколку начини на кои можете да ја користите и на тој начин да си заштедите време

Ако планирате да приготвите кифлички или нешто друго од стасано тесто, не мора да чекате еден час откако ќе го замесите. Сад со вода ставете го во микробранова печка неколку минути додека се наполни со пареа, потоа исклучете ја и внатре ставете го тестото да стасува. И не само за ова.

Микробрановата печка исто така е идеална за стерилизирање и чистење на сунѓерчињата за садови, во кои најлесно се збираат бактерии. Иако по некое време можете сунѓерчето да го фрлите во ѓубре, ова е идеален начин за заштеда на пари. Влажното сунѓерче ставете го две минути на највисока температура и тоа треба да убие 99 отсто од бактериите во него. Друг начин да ја искористите е за омекнување на кафеавиот шеќер, кој сигурно ви се случило да се стврдне премногу. На влажна кујнска крпа ставете шеќер колку што ви треба и загрејте го во микробранова печка 30 секунди.

Готвење месо и риба

Ако подготвувате појадок и сакате да јадете крцкава сланина, пржењето на масло не е најздрава опција, па уште зачадениот дом и тавата за чистење се неколку причини поради кои се откажувате. Затоа тенко исечканата сланина наредете ја во соодветна чинија и ставете ја да се пече две минути, додека добие крцкав изглед.

Месото испечено во микробранова печка добива вкус на гума и е жилаво, додека за печење риба таа е идеална. Ставете ја во сад соодветен за печење во микробранова печка, зачинете со сол, лимон и црн пипер. Варете две минути на највисока температура. Две минути е приближно земено време, бидејќи секоја печка е различна, но по неколкупати користење, ќе го најдете соодветното време за вашата. Подобро кратко гответе па повторно вклучете ја микробрановата печка отколку да ја преварите рибата.

Зеленчукот варете го или печете го

Додека гледате филм, ви се пријаде чипс, но немате? Пригответе го. Исечете го компирот на тенки листови, малку посолете го и наредете го во микробранова печка. Покрај тоа што ќе имате крцкави и вкусни грицки, нема да бидат толку нездрави како купените.
Зеленчукот приготвен во оваа печка е исто како да сте го готвеле на пареа, а тоа е еден од најздравите начини. Со варење во вода дел од витамините и хранливите материи се губат од зеленчукот. Во микробранова печка зеленчукот се вари само неколку минути, па на тој начин ќе сочувате повеќе здрави состојки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот