Микиќ: Пред јуни ќе имаме резулатите за тоа колку од луѓето го прележале коронавирусот

Носењето на заштитни маски не е нужно, на пример ако сте сам и спортувате, тогаш нема потреба од маски, потенцира Микиќ.

Епидемилогот од Институтот за јавно здравје, Владимир Микиќ, во гостувањето на ТВ 24 најави дека во мај ќе се прави серолошка студија, односно тестирање на населението кое ќе покаже колку луѓе биле изложени на коронавирусот и развиле заштитни антитела.

-Во план е во мај да се направи студија за серопроваленца, да утврдиме колкав број на наслението било изложено на корона вирусот и развило одредени заштитни антитела. Веќе пред јуни ќе ги имаме резулатите колку од луѓето го прележале вирусот. Серолошката студија ќе ни укаже колкав е имунитетот и според тоа ќе утврдиме кои старосни групи се поризични. Според тоа ќе се направат постапки како да се нормализира животот, рече Микиќ.

Носењето на заштитни маски не е нужно, на пример ако сте сам и спортувате, тогаш нема потреба од маски, потенцира Микиќ.

-Во затворени места, да, но на отворени места нема потреба, но неопходно е физичкото дистанцирање- рече д-р Микиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот