Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција/Фото: EPA-EFE/URS FLUEELER / POOL EDITORIAL USE ONLY

Мицотакис: Грција ќе остане „чувар на слободата на пловидбата“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се обрати на настанот на високо ниво за „Зајакнување на поморската безбедност преку меѓународна соработка за глобална стабилност“ во рамките на грчкото претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации, јавија медиумите.

Според грчкиот премиер, поморскиот превоз е од клучно значење за безбедноста на глобалната трговија – над 80 отсто од стоките се транспортираат по морски пат. Мицотакис рече дека главни закани за поморската безбедност се шверцот, тероризмот и пиратството, но и хибридните напади што влијаат врз бродовите, врските и пристаништата.

„Глобалните проблеми бараат глобални решенија. Заканите за поморската безбедност не се поразлични. Единствениот начин за справување е преку ефикасна меѓународна соработка, дали на ниво на држави, на ниво на меѓународни организации или на ниво на приватниот сектор. Јасно е дека треба да направиме повеќе“, рече Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот