Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мицкоски утре во свечената сала на Владата ќе каже што од храната ќе поевтини за Нова година

Утре со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка, соопшти Владата.

„Кошничката“ се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе имаат пониски цени.

По состанокот, во 11:45 часот се очекува прес-конференција на која Мицкоски ќе ја претстави владината мерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!