Христијан Мицкоски/Фото: Влада на РСМ

Мицкоски со видео им порача на пензионерите: Уживајте во покачените пензии

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видеопорака во која се вели дека утре (1-ви октомври) ќе бидат исплатени повисоките пензии.

„Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност“, вели Мицкоски.

Септемвриската пензија ќе биде повисока за линеарен износ од 2.500 денари за сите пензионери.

Мицкоски рече и дека утре напладне ќе биде отчетот на Владата, каде што ќе може да се види што е направено во нејзините први сто дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот