Фото: Влада на Република Северна Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Владата се сретна со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој е во официјална посета на земјава.

Како што соопшти Владата, тие разговарале за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент бил ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.

„Мицкоски истакнал дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан“, пишува во владиното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот