
Мицкоски се сретна со Герапетритис на самитот на Берлинскиот процес
Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што ги објави Министерството за надворешни работи на Грција.
Препорачано
-Од грчкото МНР информираа дека Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, јавува МИА.
Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации.
FM George Gerapetritis had brief exchanges at #BerlinProcess Summit
Συναντήσεις ΥΠΕΞ Γιώργου Γεραπετρίτη στο πλαίσιο της συμμετοχής του στη Σύνοδο Κορυφής της Διαδικασίας του Βερολίνου pic.twitter.com/tXKlm25zg8
— Υπουργείο Εξωτερικών (@GreeceMFA) October 14, 2024
Делегацијата на Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи Мицкоски, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“.
-Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина – напиша премиерот.
Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).
Од владата соопштија дека предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски