Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ

Мицкоски од повици за улични протести заврши со пофалби за обвинителот Коцевски, забележува Костова од СДСМ

Кристина Костова, една од потпретседателките на СДСМ, во интервју за „360 степени“, прашува зошто министерот за внатрешни работи не поднесе оставка и како е можно во опсежната истрага за пожарот во Кочани да не бидат опфатени припадници на МВР кои биле на позиции и на служба на денот на трагедијата.

„Она што, за жал, го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага којашто оди во насоки во коишто бега од оние што се директно одговорни по закон“, вели Костова.

Приговорите на СДСМ се однесуваат на текот на истрагата што ја води Јавното обвинителство, на чие чело е човек избран со гласовите на СДСМ и ДУИ за време на власта на СДСМ. На прашањето дали овие приговорите значат дека тие избрале човек што не заслужува да биде на таа позиција, Костова одговори:

„Кога станува збор за работата на Јавното обвинителство, особено во последниве четири недели, прашањата за таа работа треба да му се постават на Мицкоски. Како тоа Мицкоски, пред нешто повеќе од четири недели, заговараше улични притисоци и пресметување токму со лица од Јавно обвинителство, вклучувајќи го и именуваниот, за одеднаш, откако се случи тоа, за 180 степени да се преориентира и одеднаш станува задоволен од начинот на кој Коцевски работи. На Мицкоски треба да му се постави прашањето дали неговото задоволство потекнува од тоа што истрагата не се води по текови кои одат во насока на нотирање, на детектирање на одговорните од МВР, оние кои по неколку ставки, по 7-8 ставки, се првично одговорни, за разлика од сите останати претставници на институции и сите претходни вршители на должности и функции во различните инситуции“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот