Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Мицкоски: Очекувам кампања со шпекулации од опозицијата

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на претстојните локални избори очекува кампања во која ќе преовладуваат „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини“ од страна на опозицијата и нејзините поддржувачи.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека неговата партија и коалициските партнери ќе настапат со конкретни резултати и реализирани проекти.

„Имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во општините во изминатите четири години, како и во централната власт во последните 15 месеци. Ќе ја покажеме разликата меѓу седумте години кога ДУИ и СДСМ беа на власт и овие четири години кога општините и Владата се управувани од оваа коалиција“, рече Мицкоски.

На настанот беше формализирана коалицијата „Твоја Македонија“, составена од 25 партии со различен политички и општествен карактер. Со потпишување на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“, коалицијата ја потврди заедничката платформа за обезбедување напредок и иднина.

Мицкоски потенцираше дека локалните избори се клучни поради тоа што директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните во општините, како и поради изборот на луѓе кои ќе ги бранат интересите на народот.

„Уверени сме дека силата на државата се мери преку секојдневниот живот во општините. Нашата визија за „Твоја Македонија“ е визија за силни граѓани, силни општини и силна држава“, порача премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот