Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Мицкоски: Нема да има милост, ќе има одговорност за сите инволвирани

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе има одговорност за сите инволвирани кои имаат вина за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

„За сево ова што се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден безразлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, професија…Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме без милост. Потребна е демонстрација на морална одговорност. Во следните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја во име на сите жртви на оваа трагедија и нивните семејства. Тоа ви го должам вам и на семејствата на загинатите“, изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот