Фото: Слободен печат/Васка М. Младеновска

Мицкоски најавува инвестиции за развој на Битола

Претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на теренската активност „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска ја посети Битола. Тој предвреме најави дека кога ќе формира Влада, посебен акцент ќе стави на реализација на проектот за децентрализација на државниот буџет во општините.

Ние како нова Влада, за Битола од државниот буџет ќе издвоиме 46 милиони евра. Од нив, 11,5 милиони евра ќе издвоиме на годишно ниво и на тој начин сите оние потреби што засега ги имаме детектирано и оние кои што дополнително ќе ги детектираме, а се потреба на битолчани, ќе ги реализираме – изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, тие 46 милиони евра што ќе ги добие Битола, ќе бидат надвор од општинскиот буџет и од јавните претпријатија и ќе бидат наменети за реализација на проектот за влезот во Битола, од страната на Прилеп во износ од 2,5 милиони евра.

Тој додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го финансира и спортскиот центар во Битола вреден 10 милиони евра и влезот од страната на Ресен кој исто така ќе чини 2,5 милиони евра, набавка на десет еколошки автобуси за јавното претпријатие на Општината Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот