Средба Мицкоски - Галовеј/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на средба со Галовеј:  Новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет за да владее

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на денешната средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј разговараа за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза во државата.

На средбата Мицкоски посочил дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее. Мицкоски укажал дека немањето на стратегија, визија и план од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел земјава да се придвижи напред.

Исто така, од страна на Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза.

Според Мицкоски, поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.

Мицкоски се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија, посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците на средбата изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот