Мерцедес лого/ Фото Live Media Publishing Group / Alamy / Alamy / Profimedia

Мерцедес повлекува илјадници возила

Производителот на автомобили Mercedes-Benz започна со повлекување на повеќе од 2.600 возила во Германија, откако беше утврдено дека некои модели би можеле да доживеат целосен дефект на системот за управување. Според германските медиуми, проблемот се однесува на неправилно затегнат шраф на спојката на управувачот, што во најлош случај може да доведе до губење на контролата врз возилото и да предизвика сериозни несреќи.

Според податоците од Германскиот орган за моторен сообраќај (KBA), вкупно 2.651 возила биле погодени во Германија, додека на глобално ниво, бројот е значително поголем – околу 17.600 автомобили. Меѓу нив се популарните модели C-класа и GLC.

Mercedes истакнува дека ова е превентивна мерка и дека досега не е регистриран никаков инцидент поврзан со оваа техничка грешка.

Проблемот е поврзан со завртката помеѓу воланот и механизмот за управување, што обезбедува директен пренос на силата на управувањето. Доколку спојот не е доволно затегнат, може да се олабави и да ја загрози безбедноста.

Mercedes објави дека сопствениците ќе бидат известени писмено и дека возилата ќе бидат проверени и, доколку е потребно, поправени во овластени сервисни центри – целосно бесплатно. Оние кои сакаат да проверат дали нивниот автомобил е опфатен со повлекувањето, можат да го сторат тоа со внесување на бројот на шасијата (VIN) на официјалната веб-страница на производителот или преку базата на податоци на KBA, пишува Fenix-magazine.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!