Новиот германски канцелар Фридрих Мерц/ Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Мерц по разговорите Трамп-Путин: Европа ќе го зголеми притисокот од санкции врз Русија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европа ќе го зголеми притисокот врз Москва преку санкции. Откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со клучните европски лидери, веднаш по телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин, Мерц истакна дека Европа и САД се обединети во „блиската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон прекин на огнот“.

„Претседателот на САД и европските партнери се договорија за следните чекори, тесно да го координираат преговарачкиот процес и да одржат дополнителен технички состанок“, изјави портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му се заблагодари на Трамп за „неговите неуморни напори да воспостави прекин на огнот во Украина“.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговите неуморни напори да обезбеди прекин на огнот во Украина. Важно е САД да останат ангажирани. Ќе продолжиме да го поддржуваме Володимир Зеленски во постигнувањето траен мир во Украина“, рече таа на платформата X.

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп разговараше со Мерц, Фон дер Лејен, украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, финскиот претседател Александар Стабс и италијанскиот премиер Џорџa Мелон и ги информираше за исходот од разговорот со Путин, пишува Дојче веле.

САД се согласија да одржуваат „блиска координација“ со европските сојузници во преговорите за Украина, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот