Фридрих Мерц фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Мерц: Капитулацијата на Украина ќе му даде време на Путин да се подготви за следната војна

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека капитулацијата на Украина само ќе му даде време на рускиот претседател Владимир Путин да се подготви за следната војна.

„Оваа војна мора да заврши. Но, не по секоја цена. Не сакаме Украина да капитулира. Таквата капитулација само ќе ѝ даде време на Русија, а Путин ќе го искористи тоа време за да се подготви за следната војна“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон и молдавската претседателка Маја Санду во Кишињев, објавува Гардијан.

Тој нагласи дека „вратата на Европската Унија е отворена“ за Молдавија и вети дека ќе продолжи да ја поддржува земјата „на овој пат колку што е можно повеќе“, вклучително и со испраќање германски експерти за да помогнат во спроведувањето на реформите.

Коментирајќи ја загриженоста на Молдавија за агресивниот став на Русија и истакнувајќи ги обидите на Москва да се меша во молдавската демократија, Мерц истакна дека Европа останува доследна „во зачувувањето на вашата слобода и суверенитет“.

Молдавската претседателка Маја Санду денес беше домаќин на тројца европски лидери – по повод 34-годишнината од независноста на Молдавија во 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот