Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Менсик со победата над Ѓоковиќ и освоениот турнир во Мајами и одлично заработи

Чешкиот 19-годишен тинејер, Јакуб Менсик приреди голема сензација со победата над Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Мајами.

За Менсик тоа беше прв освоен Мастерс во сезоната кој му донесе и огромна заработка.

Вкупно младиот тинејџер сезонава заработи 1.4 милиони евра, додека од турнирот во Мајами 1.039 милиони евра.

Освен тоа тој направи и скок на АТП листата од дури 30 позиции, па сега се наоѓа на 24-тото место на светската ранг листа.

По мечот младиот тенисер истакна и дека Ѓоковиќ е една од луѓето поради кои започнал да игра тенис.

„Ти си причината поради која сум тука. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Не постои потешка задача од тенисер да те победи тебе во финале на турнир. Ти благодарам за сè што направи за овој спорт. Ти си најдобриот тенисер во историјата“, изјави Менсик.

Ништо од 100. титула за Ѓоковиќ: Чехот Меншик сензационално го освои турнирот во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот