
Менаџери ќе проучуваат како Италија да се „реконструира“ после пандемијата
Групата супер-менаџери е составена од експерти од различни профили, дел се жени, а сите членови имаат успешна деловна и академска кариера во Италија и во странство.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше група од супер менаџери кои, како што е најавено, треба да проучат како да ја започнат реконструкцијата на државата во т.н. „Фаза 2″, што ќе се случи по завршувањето на вонредната состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Виторио Колао, кој десет години е извршен директор на Водафон и е еден од најодговорните за растот на мултинационалната индустрија за мобилни телефони, е на чело на групата.
Групата супер-менаџери е составена од експерти од различни профили, дел се жени, а сите членови имаат успешна деловна и академска кариера во Италија и во странство.
Тоа е група од адвокати, економисти, психолози, статистичари и други професионалци од различни профили, чија задача е да проучат и да предложат иновативни модели за развој по вонредната ситуација, кои „го земаат предвид квалитетот на животот”, според премиерот Конте.
Во работната група е и реномираниот економист Енрико Џованини, долгогодишен главен статистичар во ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). Како поранешен министер во италијанска влада, тој беше автор на таканаречената „reditto di inclusiоne”, која прерасна во „reditto di cittadinanza” – минимална плата за оние кои немаат работа или кој било друг извор на приход.