Мемоарите на Блонди: Била силувана во нејзиниот стан, на Дејвид Боуви му набавувала дрога, а за малку ќе станела жртва на сериски убиец

Фронтменката на групата Блонди, Деби Хари, ги објавила своите мемоари во кои се осврнува на својот живот пред славата, хероинската зависност и трауматичните искуства од младоста.

Во деловите што се објавени во британските и во американските медиуми опишани се неверојатни анегдоти од нејзиниот живот, но една за Дејвид Боуви е посебно интересна.

Случката е од раните седумдесетти, кога Деби била на почетокот на кариерата, а во Њујорк се дружела со Дејвид Боуви и со Иги Поп.

„Еднаш двајцата ми бараа кокаин зашто нивната „врска“ пресушила. Пријателот ми даде еден грам, ама не сакав кокаин бидејќи од него бев нервозна и ми влијаеше на грлото. Им го дадов и тие веднаш го „земаа“. После тоа Дејвид го извади својот полов орган. Веројатно мислеше дека сум навикната на тоа зашто бев во бенд со мажи. Мислам дека така сакаше да ми се заблагодари. Неговата големина беше „злогласна“, сите го знаеја тоа и обожаваше да им го покажува и на жените и на мажите. Беше смешно и секси. Не го допрев, ама помислив: Па, многу е убав. Бев малку поласкана бидејќи тој е музички уметник и му се восхитував“, напишала.

Image result for Debbie Harry David Bowie profimedia
Profimedia

Во биографијата напишала и дека скоро била жртва на серискиот убиец Тед Банди, но му побегнала во последен момент.

Една вечер барала такси за да дојде до клубот, а застанал маж во бел автомобил, кој ја наговорил да влезе во колата, велејќи ѝ дека тој ќе ја префрли.

„Беше многу убедлив, не се откажуваше. Влегов во колата, беше лето, а прозорците беа само малку отворени. Кога сакав да ги отворам уште малку, сфатив дека нема рачки за отворање на прозорците ниту на вратите. Сфатив дека целата внатрешност на колата е празна. Се чувствував несигурно и сакав да побегнам. Тој само молчеше. Кога со сила го отворив прозорецот и ја извадив раката за да ја отворам вратата, нагло заврте, а јас излетав од колата среде улица“, напишала Хери. Дури по 15 години сфатила дека била во колата со еден од најозлогласените сериски убијци.

„Тоа беше пред да го погубат. Сè поврзав и сфатив дека беше навистина тој. Сè се поколопуваше, тоа беше баш во времето кога убиваше. За среќа, јас сум една од оние кои успејаа да побегнат“, раскажува Деби.

Опишала и како се чувствувала беспомошно откако ја силувале под закана со нож. Во станот што го делела со тогашниот партнер и член на бендот Крист Стеин упаднал непознат маж и ја силувал, а потоа ја украл нивната опрема.

Image result for Debbie Harry profimedia

„Бев бесна, фрустрирана, сакав само одмазда. Крис беше покрај мене и ми помогна да пребродам сè“, се присетува Деби.

Признала и дека и таа и Стејн биле зависници од хероин.

„Бевме сиромашни, се дрогиравме од очај. Понекогаш ни беше генијално, понекогаш ужасно. Ама тоа е приказната за рокенролот, нели?“, рекла и додала дека не жали за ништо во животот, иако можеби не требала да зема хероин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот