Наркобостот Каро Кинтеро екстрадиран од Мексико во САД/Фото; El Universal / Zuma Press / Profimedia

Мексико: Озлогласениот наркобос Рафаел Каро Кинтеро екстрадиран во САД

Озлогласениот нарко бос Рафаел Каро Кинтеро и уште 28 барани членови на картелот Гвадалахара се екстрадирани од Мексико во Соединетите држави, соопшти американското Министерство за правда.

Каро Кинтеро, кој мексиканските власти го сметаат за основач на картелот Гвадалахара, наводно е вмешан во киднапирањето, мачењето и убиството на специјалниот агент Енрике Камарена Салазар на Администрацијата за борба против дрогата ( ДЕА ) во 1985 година – напад кој исто така беше емитуван на телевизија во серијата 2Наркос Мексико“ на Нетфликс.

ДЕА соопшти дека убиството на Салазар било како одмазда за рацијата на мексиканските власти на фармата со марихуана на Каро Кинтеро од 2.500 хектари во 1984 година.

Кинтеро помина 28 години во затвор во Мексико за неговата улога во убиството на Салазар пред да биде ослободен преку формален процес во 2013 година. Врховниот суд на Мексико подоцна ја поништи одлуката за ослободување.

Кинтеро се вратил на шверцот со дрога како висока личност во картелот Синалоа, според ФБИ, до јули 2022 година, кога бил заробен од мексиканската морнарица за време на операција што резултирала со смрт на 14 маринци во хеликоптерска несреќа.

„Каро Кинтеро, водач на картел кој започна насилство, уништување и сееше смрт низ Соединетите Американски Држави и Мексико, помина четири децении на врвот на листата на најбарани бегалци на ДЕА, а денес со гордост можеме да кажеме дека пристигна во САД каде правдата ќе биде задоволена“, рече заменик-комесарот на ДЕА Дерек Малц во четвртокот.

„Овој момент е посебен за мажите и жените од ДЕА кои веруваат дека Каро Кинтеро е одговорен за бруталното мачење и убиство на специјалниот агент Енрике „Кики“ Камарена. Тоа е и победа за семејството Камарена. Денешниот ден испраќа порака до секој водач на картел, секој трговец со луѓе, секој криминалец кој ги труе нашите заедници: Ќе одговарате. Колку и да трае, колку и да трчате, правдата ќе ве најде“, додаде тој.

Кинтеро денеска се очекува да се појави пред судот во Њујорк.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Мексико и Секретаријатот за безбедност и заштита на граѓаните соопштија дека 29 лица затворени во различни затвори во земјата биле префрлени во САД. Тие се бараа поради нивните врски со криминални организации вклучени во трговија со дрога, меѓу другите кривични дела.

Американското Министерство за правда соопшти дека меѓу приведените во четвртокот имало „лидери и директори на нарко-картели неодамна означени како странски терористички организации и специјално означени глобални терористи, како што се картелот Синалоа, картелот Халиско Нова Генерација (CJNG), Картел дел Норесте.

Одделот за правда соопшти дека меѓу нив е и Мартин Сотело, кој наводно учествувал во убиството на заменик-шерифот Нед Бирд во Шарлот, Северна Каролина, кој наводно помогнал во водењето на CJNG и двајца наводни високи членови на Лос Зетас, Рамиро Перез Мореноз Хернга.

„Овие обвинети колективно се обвинуваат дека се одговорни за увоз во Соединетите држави огромно количество дрога, вклучувајќи кокаин, метамфетамин, фентанил и хероин, како и поврзани акти на насилство“, се додава во соопштението на Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот