Меѓународен ден на Брајовото писмо: Образование на лицата со попречен вид кај нас е невидливо

Образованието на лицата со попречен вид-слепите започнува да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, истото е инспирирано од неколку историски случки и личности, потсетува Коалицијата „Менуваме“.

Најпрвин Дени Дидро напишал есеј со наслов „Писмо за слепите за оние кои гледаат”, текстот бил плод и инспирација од способноста и успехот на неколку слепи лица, како што биле математичарот Саундрес и слепата пијанистка Марија Терезија фон Парадис.

Идејата на Дени Дидро за образование на слепите ја продолжил Валентин Ај, кој при една средба со слеп питач, случајно забележал дека слепите лица со помош на прстите можат да разликуваат релјефни облици и на тој начин дошол до идеја за нивно образование и читање на релјефни букви.

По долго учење и тренирање на еден слеп младинец на релјефни букви изрезбани на дрво, успеал да издејствува кај „Француската академија на науки” да добие дозвола и подршка да образува слепи лица. Образованието на слепите лица било комплетирано со пронајдокот на Луј Брај, кој во 1825 година ја измислил релјефната шестоточка која била основа за креација на релјефното писмо (азбука) на слепите. Оттогаш ширум светот се отвараат голем број на училишта за слепи лица.

Денес на место Брајовото писмо кој е загарантирано со сите меѓународни документи е невидливо во образовниот систем освен во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ Скопје.

Коалицијата „Менуваме“ направи евалуација на системот кој има потврдено дека илјадници лица не го знаат брајовото писмо, и ги наведува причините.

Кај нас постои едно единствено училиште, кое постои 68 години и има изнедрено успешни кадри во сферата на музиката, информатиката, глумата, како и правници, физиотерапевти… Студентите на Институтот за рехабилитатори, кои треба да работат со слепи, не ја изучуваат Брајовата азбука. Децата со попречен вид или слепи во редовните училишта исто така не го изучуваат брајовото писмо бидејќи нема кој да им го пренеси знаењето. Никаде во институциите во Државата не е видливо Брајовото писмо, што не е во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија, велат, меѓу другото, од Коалиција „Менуваме“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот