Чадење во Трубарево / Фото: ДЗС

Меџити: Состојбата со воздухот во Трубарево е стабилизирана, се чекаат резултатите од почвата

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска соопшти дека воздухот во Трубарево е чист и најави дека во текот на денот ќе бидат готови резултатите од испитувањето на почвата што ги прави Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Прашан за состојбата во Трубарево по пожарот во фабриката за рециклирање електричен и електронски отпад, министерот посочи дека со стабилизирање на состојбата со огнот, се стабилизирала и состојбата со воздухот.

„Ние ги прикажавме резултатите и од дење и од ноќе, кога беа покачени. Веднаш откако се стабилизира состојбата со огнот се стабилизираше и состојбата со воздухот. Таму е чисто, нема никаков проблем. Сега работиме на испитување на почвата. Во текот на денот ги чекаме испитувањата од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и јавноста ќе биде известена,“ рече Меџити.

Претходно, од Министерството за животна средина денеска соопштија дека согласно мерењата на ПМ-10 честички на мерното место во Трубарево, во интервал од 24 часа со почеток од вчера наутро во 8:30 часот до истото време денеска, концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот