Меџити: Груби и Османи не го претставуваат електоратот на ДУИ

Иако премиерот Зоран Заев ги негираше гласините за можна реконструкција во владиниот кабинет, Слободан Печат од партиски извори дознава дека тоа може да се случи кон средината на јуни на инсистирање на ДУИ на Али Ахмети.

Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити вели дека вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи не го претставуваат електоратот на ДУИ, па според него, доколку нешто не се промени во ДУИ, партијата ќе има проблеми во октомвриските локални избори.

Зборувајќи за Слободен Печат, Меџити рече дека нема итни причини за реконструкција на владиниот кабинет, но додаде дека првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи повеќе не треба да бидат на овие функции.

– Г. Груби и г. Османи не се оние кои можат веродостојно да го претставуваат електоратот на ДУИ во Скопје. Груби е вицепремиер и го води политичкиот систем, колку политички прашања напреднаа во овој период, колку капитални инвестиции има во овој период. Прашањето за систематизацијата на вработените во администрацијата како се одвива? Колкав е процентот на Албанци во владини тела, министерства, агенции итн. Врз основа на информациите што ги имам е многу мала, така што застапеноста на Албанците е мала. Незадоволство има и во другите ограноци на партијата, изјави за Слободен печат, Изет Меџити, заменик претседател на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот