
Мате Римац е хрватски рекордер по бројот на регистрирани патенти
Според најновите достапни податоци од 2022 година, компаниите во рамките на „Римац груп“ имаат вкупно повеќе од сто патентни пријави и се на прво место по бројот на меѓународно применети патенти од Хрватска, објави Пословни дневник.хр. Со оглед на тоа што минатата година пријавиле значително поголема бројка во однос на 2022 година, може да се претпостави дека оваа статистика ќе биде уште поизразена во минатогодишните податоци, пишува Aутонет. За патенти може да се аплицира во речиси сите земји во светот, а Римац има најмногу апликации во ЕУ, САД и Кина, бидејќи тоа се нивните главни пазари или земји за производство на таа технологија.
Препорачано
„Постапката е долга и скапа“. На пример, еден од најновите пронајдоци, за кој поднеле барање за патент, е систем за исклучително брзо откривање на дефект на изолацијата во електрично коло и, следствено, можност за негово брзо исклучување во случај на потреба. Ова е особено интересно во контекст на високиот напон, кој е присутен кај електричните автомобили.
Во оваа конкретна постапка, процесот на признавање на патент траеше приближно три и пол години, што – колку и да звучи чудно – е всушност многу краток во светски рамки. Главен фактор е големиот број барања за патенти кои се поднесуваат годишно, чиј број по правило се зголемува секоја година, а патентните заводи мора детално да ја проучат секоја пријава за да видат дали ги исполнува условите за признавање на заштитата на патентот.