Мастеркард“ наскоро со свое претставништво во Македонија

„Мастеркард“ преку огранокот за Европа отвара преставништво во Скопје, а за нов генерален директор за Југоисточна Европа е назначен Бартош Чиолковски.

– „Мастеркард беше првата платежна картичка издадена во Република Северна Македонија и во изминатите дваесет и пет години увидовме дека земјата се издвојува како иновативно и напредно општество на Балканот, посветено на развој на дигиталната економија, корисничко искуство (UX) со врвен квалитет за потрошувачите и услуги за електронското банкарство. Горди сме што Мастеркард континуирано инвестираше во развојот на инфраструктурата за бесконтактни NFC плаќања и економскиот еко-систем како стабилна мрежа на меѓусебно поврзани фирми и институции, така што сега можеме да одбележиме прифаќање на 100 проценти бесконтактните платежни уреди во земјата, вели Вања Манова, менаџерка на „Мастеркард“ за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

Според истражувањето и анализата на трендови спроведено од Мастеркард, плаќањето со картички во Северна Македонија расте со двоцифрена стапка на годишно ниво, а вредноста на плаќањата со дебитни картички е речиси двојно зголемена од 2019 година.

Новиот генерален директор за Југоисточна Европа, Чиолковски се приклучи на Мастеркард во 2005 година, а пред да биде назначен на оваа функција ја извршуваше улогата на генерален директор за Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот