Фото: EPA/JUSTIN LANE

Масовно труење во Мекдоналдс во САД, едно лице почина

Едно лице почина а десетици се во болница поради труење со ешерихија коли, откако конзумирале храна во Мекдоналдс во САД, во десетина држави. Меѓу нив се колорадо, Ајова, Мисури, Монтана, Небраска, Јута, Висконсин, Канзас, Вајоминг. Најголем дел од случаите се во Колорадо, вкупно 26.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека сите случаи се поврзани со хамбургерите „Quarter Pounder“ на овој познат синџир за брза храна.

Американската агенција за храна и лекови ги истражува случаите. Мекдоналдс го повлече хамбургерот и тој додека да заврши истрагата нема да се продава во регионите каде на појава на случаите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот