Фото: Профимедиа

Машина за сушење итно повлечена од српскиот пазар, постои опасност од струен удар

Машина за сушење со топлинска пумпа на брендот „Бош“ е итно повлечена од српскиот пазар, поради опасност од струен удар, се наведува во образложението за повлечените производи на веб-страницата на ресорното министерство.

„Во текот на производството, електричното поврзување на компресорот не е направено во согласност со спецификацијата, така што доколку производот е инсталиран во домаќинство со електрична инсталација која не е во согласност со безбедносните упатства, постои ризик од струен удар“, се вели во предупредувањето, објави Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот