
Марковски: Пречистителната станица за отпадни води е еден од најважните проекти за Скопје
Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за пречистителната станица за отпадни води , како еден од најсуштинските проекти за градот.
Препорачано
„За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите. Во наредниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните целосно ќе се фокусираме на навремена и целосна изградба на пречистителната станица, која треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани“, рече Марковски.
Тој напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода и почва.
Марковски продолжува со своите активности во рамки на кампањата, средбите со граѓани и јавните настапи кои имаат за цел да овозможат презентација на програмата за подобро Скопје.
Тој ги повика граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје, предводена од Јана Белчева Андреевска.