Фото: CFR 1907 CLUJ

Марко Ѓорѓиевски си замина од Клуж, но остана во Романија

Македонскиот фудбалски интернационалец Марко Ѓорѓиевски ја менува средината, но останува во романската Суперлига. Напаѓачот официјално го напушти тимот на Клуж и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Херманштад, клуб кој се надева дека неговото доаѓање ќе донесе свежина во офанзивниот дел од тимот.

И покрај тоа што не доби доволна минутажа во Клуж, Ѓорѓиевски останува дел од романскиот шампионат, каде што сега ќе се обиде да се наметне во дресот на Херманштад, екипа која по осум одиграни кола се наоѓа на 11. позиција со седум освоени бодови.

Ѓорѓиевски во својата досегашна кариера има настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои се Силекс, Брера, Вождовац, Шкупи и други. Новата етапа во Херманштад може да биде добра шанса за Ѓорѓиевски да ја врати добрата форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот