Фото: EPA/VINCENT JANNINK

Марк Маркез издоминира во Геманија, Алекс и Бањаја зад него

Марк Маркез повторно блесна на својата омилена патека, легендарната Заксенринг. Искусниот шпански ас стигна до својата деветта победа на германското тло, а воедно ја запиша и 69-та победа  во  својата богата МотоГП кариера.

Возачот на Дукати стартуваше од пол-позицијата и за разлика од саботниот спринт, овојпат не му даде шанса на никого, од првиот до последниот круг возеше со неверојатна контрола и брзина, држејќи ја конкуренцијата на сигурна дистанца.

Веднаш зад Марк заврши неговиот помлад брат Алекс Маркез., додека Актуелниот шампион Франческо Бањаја мораше да се задоволи со третата позиција, откако не успеа да најде начин да се вмеша во борбата за врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!