Малена жали по штркот Клепетан, кого го нема цела недела

Штркот Клепетан го нема да се врати во гнездото повеќе од една недела, од трите јајца две се смрзнаа, а едно е сматок, раскажува Стјепан Вокиќ, за 24 Сата, за тажниот крај на 17 годишната идила на двојката штркови.

Потомци од Малена и Клепетан никогаш нема веќе да има, а досега одгледаа 66 потомци – вели Вокиќ.

Низ светот е позната приказната за љубовта и приврзаноста на двата штрка, Малена и Клепетан во хрватски Бродски Варош, која сигурно е завршена. Клепетан оваа пролет подрани една недела со враќањето кај Малена, која преку зимата останува во Хрватска оти не може да лета. Водеа љубов, Малена снесе три јајца, а идилата траеше три недели. Тогаш се тргна наопаку, пишува порталот.

Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа 7 јајца, а оваа година нешто лошо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови – вели Вокиќ.

Штркот Малена тешко го поднесува отсуството на Клепетан.

Постојано е во гнездото, штрака со клунот постојано, и недостига Клепетан. Потоа го става клунот меѓу нозете, како да плаче. Среќа во нејзината несреќа е тоа што 17 години поради скршеното крило Малена есента, зимата и дел од пролетта ги поминува со мене, а сега така ќе биде по цела година. Клепетан ќе и недостига. Но, на свет донесоа 66 птици, има на што да се гордеат – вели Вокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот