Гордана Димитриеска-Кочоска и Трајко Славески / Фото: Министерство за финансии

Макроекономската стабилност и ефикасната координција во фокус на средбата помеѓу Димитриеска-Кочоска и новиот гувернер

Економските предизвици и заложбата за продолжување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството, биле во фокус на денешната средба помеѓу министерката Гордана Димитриеска-Кочоска и новиот гувернер, Трајко Славески.

Како што соопштија од кабинетот на министерката, на средбата се говорело и за тековната макроекономска стабилност, која е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики.

– Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст – се додава во соопштението.

Дополнително, било нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој треба да биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот