„Македонско село“ не работи, но проголта 100.000 евра државни пари

Државниот завод за ревизија забележа дека не се нашло решение за искористување на комплексот, но се прават трошоци за струја, обезбедување и осигурување

Од 2019 година комплексот „Македонско село“ во Нерези не работи, иако по раскинувањето на договорот со приватна фирма во 2018 година, Владата веднаш донела заклучок да се формира комисија, која во рок од 30 дена требала да донесе одлука што да се прави со него. Но, оттогаш ништо не се случило, а како што забележува Државниот завод за ревизија во својата анализа за управување со државниот имот, во периодот од 2019-2023 година за „Македонско село“ се направени трошоци од 100.000 евара, и тоа околу14.000 евра за струја, речиси 79.0000 евра за физичко обезбедување и за осигурување на имотот платени се околу 5.800 евра.

Комплексот „Македонско село“ е изграден согласно стратешките определби за развој и унапредување на туризмот, во стилот на традиционалната македонска архитектура, составен од 12 тематски куќи кои претставуваат различни региони од државата, а беше пуштен во употреба во 2016 година, но договорот со приватниот партнер беше раскинат 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот