Македонски средношколци – талентирани и успешни иноватори: Бионичката рака на Орхан, Тео, Борис и Анамариа поевтина од останатите

Четворица тинејџери од Македонија  на годинашниов светски натпревар наречен „Младински предизвик“ победија со проект за изработка на бионичка рака печатена со 3д принтер, наменета за лица со недостаток на подлактица.

Орхан Багашов од Тетово е дел од тимот „Ебионикс“ кој ја претстави Македонија, во конкуренција на 180 тимови од 360 земји.

Направивме бионичка рака која е 30 пати поефтина од досегашните најдени. Имаме уникатен проект е затоа што секој може да ја направи и секој може да ја склопи. Јас од мал се занимавам со роботика. Од помала возраст се занимавам и со 3Д принтање. Секој од тимот од самиот почеток се занимава со делови кои целиот проект го прават успешен, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна Тв“ во гостувањето во декември минатата година, Орхан Багашов.

Останатите членови на тимот 17-годишните Борис Ночески, Анамарија Илиева и 16-годишниот Тео Китановски заедно со Орхан,  користеа технологија за 3Д-печатење со која секој може сам да си направи бионичка протеза. И таа може да „расте“ паралелно со децата

„Луѓето различно гледаат на младите иноватори како нас. Тие не веруваат дека сме способни да создаваме влијателни иновации што им помагаат на луѓето на пошироко ниво. Но, ние сакаме да размислуваме поинаку, изјави Ночески за вебстраницата на „Џенерејшн анлимитид“ (generationunlimited.org).

„Бионичките раце што се достапни во моментов чинат илјадници долари, може да се купат само во неколку развиени земји и мора постојано да се менуваат ако сте млада личност, бидејќи вашето тело постојано расте“, додава Борис, кој е коосновач на eBionics.

„Нашиот VenusArm е целосно испечатен во 3Д и користи мускулни сензори за да овозможи флексибилно движење што му помага на корисникот во секојдневниот живот. Ние сакаме да се осигураме дека луѓето можат да добијат потполно функционална бионичка рака што е достапна за секого, без оглед од каде е“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот