Фото: БФМ

Македонската борачка Вероника Рјабоволова не успеа да се пласира на ЛОИ

Maкедонската борачка Вероника Рјабоволова не ја исполни посакуваната цел да дојде до пласман во финалето на олимпискиот квалификациски турнир во Баку кој ќе и обезбедеше виза за ЛОИ 2024 година.

Во четвртфиналето Рјаболова беше поразена од Романката Андреа Ана (0:11). Нашата претставничка беше инфериорна во текот на целиот меч и загуби од третата борачка во светот во категоријата до 53 килограми.

Пред борбата со Романката, Рјабоболоба беше подобра од Елнуира Мамадова со 4:0. Во утрешниот ден своја шанса за пласман во Париз ќе бараат македонските претставници: Владимир Егоров во категорија до 57 килограми, Расул Шапиев до 74 килограми и Магомегаџи Нуров до 97 килограми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот