Instagram

Македонци со вкус: Овие јавни личности изглегуваат со некои од нашите најубави манекенки (ФОТО)

„Еспресо.мк“ издвои неколкумина познати мажи од нашата земја кои излегуваат со едни од најубавите македонски манекенки.

Прв на „списокот“ го ставија пејачот и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк. 

Фото: Инстаграм

Поранешната „Мис на Македонија“,  Драгана Клопчевска е девојката која пред неколку години го освои неговото срце. Драгана и Брејк се во брак околу десетина години и имаат две заеднички деца.

И Стефан Филиповски од „Некст тајм“ од неодамна е среќно заљубен.

Фото: Инстаграм

Стефан Филиповски од познатото дуо Некст тајм официјално не е повеќе сингл. Тој неколку месеци е во љубовна врска со една од најубавите девојки во нашата земја,  манекенката Маја Ристевска.

Менаџерот Иво Јанковски е во врска со една од најубавите жени на сите времиња.

Фото: Инстаграм

Многумина ќе кажат дека Иво е вистински среќник што покрај себе ја има, како што кажавме, една од најубавите жени во Македонија на сите времиња, чие лице беше присутно на многу модни кампањи и важи за прекрасна личност. Иво и Надица Ѓеоргиева се во врска неколку години, а дека нивната љубов цвета, сведочат и заедничките фотографии кои тие постојано ги објавуваат на социјалните мрежи.

За многу спортисти знаеме дека излегуваат со манекенки. Таков пример е и со фудбалерот Влатко Гроздановски. 

Фото: Инстаграм

Поранешниот фудбалер на ФК Вардар беше долги години во љубовна врска со манекенката Христина Мицевска, а нивната љубов ја крунисаа со брак пред четири години.

И голманот на ФК Вардар, Филип Гачевски – Гача покрај себе има прекрасна девојка.

Фото: Инстаграм

Популарниот Гача веќе неколку години е во љубовна врска со манекенката и водителка Деспина Царева, која во 2013 година ја освои титулата „Мис бикини – Балкан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот