Бујар Османи

Македонците во Чаир му се лутат на Мицкоски за создавањето поделби со Албанците, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, вели дека „националистичките изјави и обидите за заплашување со Албанците од страна на премиерот Христијан Мицкоски создаваат страв и загриженост меѓу граѓаните, особено меѓу Македонците кои се малцинство во Чаир“.

„Јас тропам секој ден на вратите на Чаир и зборувам со многу Македонци кои ми велат дека она што го прави Мицкоски, обидот за понижување на Албанците, создавање поделби и страв од Албанците ги загрижува токму Македонците во Чаир. Кога слушаат како премиерот секој ден ги навредува нивните сограѓани и им порачува дека ќе ги ‘влечеме за уши’ или дека ‘не ја сакаат државата’, тие стравуваат каков ќе биде одговорот кон нив“, изјави Османи.

Османи потенцира дека во Чаир е најважен соживотот и дека националистичките пароли служат само за политички поени.

„Не ги слушајте националистичките пароли, затоа што целта им е избори. Дури и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги среќавам секој ден ми велат дека им е најважен соживотот и почитувањето на сограѓаните Албанци. Многу се лутат на премиерот што постојано се обидува да ги навреди Албанците за политички поен плус“, вели Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот