Мајкл Џ. Фокс и Трејси Полан Фото: Инстаграм

Мајкл Џеј Фокс: По Паркинсоновата болест само едно успеа да ме дотолчи

Мајкл Џеј Фокс ги откри своите тековни здравствени проблеми, 30 години откако му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.

Ѕвездата на „Враќање во иднината“ откри дека е благодарен што ги надминал „најмрачните моменти“ од својот живот откако му бил отстранет туморот на ’рбетот.

Зборувајќи за магазинот „Пипл“ за своите животни борби, 59-годишниот актер објасни дека неговиот најлош момент настапил кога ја скршил раката при паѓање. Во своите мемоари „Нема време како иднината“, откри дека за него најтешко било што по успешно изведената операција, морал повторно да учи да оди и завршил со скршена рака. Имено, тој имал тумор на ’рбетот, а по зафатот и во периодот на закрепнување, паднал во кујната и се здобил со скршеница.

„Нема време како иднината“ – мемоарите на Мајкл/Instagram

Ми беше многу тешко тогаш. Бев потпрен на ѕидот во мојата кујна, чекајќи да дојде брзата помош, и се чувствував дека не можам пониско да паднам од ова. Сè за што размислував беше дека навистина нема ништо полошо од тоа. Ми се чинеше дека не правам ништо, дека само страдам, се мачам, се разболувам… Во тој момент се скршив – рече актерот и додаде дека се чувствувал како за него да не постои светлина на крајот од тунелот, бидејќи истовремено имал Паркинсонова болест, отстранет тумор, а потоа и скршена рака.

И покрај моментите во кои не се чувствувал најдобро и психички и физички, Фокс инсистира на тоа дека неговата благодарност сега е подлабока откако поминал низ тешките моменти.

Мајкл со сопругата Трејси/Instagram

Мојот живот сега е мирен и, всушност, добро се забавувам – рекол Мајкл Џеј Фокс.
Тој додал дека луѓето не му веруваат кога вели дека го сака животот.

На актерот му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, а јавно проговори за тоа во 1998 година. Наскоро ја основаше фондацијата „Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинс“, собирајќи милиони долари за финансирање на истражувањето за оваа болест.

Во моментот најмногу време поминува со сопругата Трејси, како и со децата Сем, Акван, Скајлер и Езми.

Мајкл со ќерките/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот