Земјотреси на Санторини / Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Луксузот во Грција никогаш не бил поевтин: Санторини е празен, цените паѓаат

Санторини, бисерот на Егејот, ова лето доживува невообичаено празен главен плоштад во Фира, празни базени покрај карпите и мирна сезона што е сè друго освен обична. За прв пат од пандемијата, еден од најпосетуваните острови во Грција доживува сериозен пад на бројот на туристи. Причината? Земјотресите што го погодија островот претходно оваа година сериозно ја нарушија довербата на посетителите.

Многу туристи, особено од странство, одлучија да го заобиколат Санторини оваа година, а туристичката индустрија веќе ги чувствува последиците. Бројот на достапни седишта во авион се намали за 26 проценти во споредба со почетокот на годината. За летото се предвидува пад од седум до осум проценти, што може да доведе до вкупно намалување на туристичкиот сообраќај за 10-15 проценти – рече Јанис Параскис, претседател на Здружението на грчки туристички претпријатија (СЕТЕ).

Сепак, претседателот на здружението на хотелиери на Санторини, Андонис Пагонис, има уште помрачна прогноза: – Моментално бележиме пад од дури 25-30 проценти. Тоа е огромна загуба за дестинација која годишно привлекува повеќе од три милиони туристи, што е 10 проценти од целиот грчки туризам. Не сме сигурни дека Грција може да издржи таков удар – предупредува тој.

Во обид да ја ублажат штетата, хотелиерите нудат попусти и промоции во последен момент. Иако крузерите сè уште се закотвуваат на островот секој ден – во просек по три брода дневно – бројот на туристи кои престојуваат и трошат пари се намалува, објави Србија данас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот