
ВИДЕО | „Луѓе ни гинат и се селат, а вие се препукувате“: Ивановски од „Сапорт Кочани“ остро кон функционерите
На доделувањето признание по повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани, Иван Ивановски од говорницата им се обрати на присутните кочански функционери, советници, директори и пратеници.
Препорачано
„Многу ми е искрено жал за ваква работа да примам награда. Морам да бидам и искрен малце. Сите сме криви за ова што ни се случи, не може да кажеме и само да осудиме. Да, некој е повеќе крив, некој е помалце крив. Вие коишто седите тука и сте на функција, сте малце повеќе криви од нас. Така да, запрашајте се сите и мислам дека е време да ги тргнете партиите настрана. Малце од срце да почнете да правите работи. Ова е ние што успеавме за шест месеци да направеме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле. Ама дај седнете, за луѓето почнете да правите сите работи. Дај малце срце да покажеме за Кочани“, рече Ивановски.
„Луѓето ни се селат, луѓе гинат, а ние партиски се препукуваме – кој бил од една партија, кој бил од друга, кој имал вакви интереси, кој онакви. Дај и сега, при крајот, вие што сте и оние нови што ќе дојдат, почнете еднаш конечно да размислувате за Кочани. Прво ставете го тоа, па после сите други работи. Може не е време и место сега на ваква прилика, меѓутоа сега во моментот се чувствувам дека ми лежи на срце, додаде тој.
„Сапорт Кочани“ на свеченоста по повод 7 Септември организацијата добила признание за значајни остварувања за развојот на општина Кочани.
„Оваа награда ни дава дополнителна мотивација да останеме посветени на нашите цели, и да му помагаме на нашето Кочани“, напишаа активистите на социјалните мрежи.