Фото: МИА

Лондон: Мостот Вестминстер затворен од безбедносни причини

 Лондонската полиција денеска блокираше дел од градот околу болницата „Сент Томас” и го затвори мостот Вестминстер поради безбедносна закана, јавуваат британските медиуми.

Полицијата на Твитер соопшти дека вооружени полицајци влегле во болницата „Сент Томас”, дека никој не смее да влегува или излегува, а „Гардијан” пишува дека имало безбедносен инцидент во болницата.

Мостот Вестминстер, кој води кон Парламентот, е затворен за сообраќај.

Од полицијата додаваат дека ќе се обратат до јавноста кога ќе имаат повеќе информации, додека од болницата се уште не се огласија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот