Фото: Профимедиа

Лондон и по Брегзит останува клучен светски финансиски пазар

Податоците објавени денеска во извештајот доаѓаат од официјалните британски финансиски власти и покажуваат дека и покрај стравувањата Лондон и по Брегзит ќе остане клучен светски финансиски пазар.

Извештај на консултантската фирма Бовил открива дека над 1441 банка и други финансиски институции од ЕУ побарале дозвола од британските власти да отворат канцеларии и седишта во Обединетото Кралство по Брегзит за да можат да продолжат соодветно да ги служат британските клиенти.

Податоците објавени денеска во извештајот доаѓаат од официјалните британски финансиски власти и покажуваат дека и покрај стравувањата Лондон и по Брегзит ќе остане клучен светски финансиски пазар.

Обединетото Кралство треба официјално да истапи од ЕУ на 31 јануари по што треба да започнат трговските преговори помеѓу двата блока за идното партнерство. Финансискиот пазар и пристапот до него ќе биде едно од најважните поглавја во овие преговори.

Според извештајот 228 финансиски институции од Ирска побарале дозвола да отворат канцеларии во Обединетото Кралство, 170 од Франција, 165 од Кипар и 149 од Германија.

До сега ЕУ и Обединетото Кралство имаа непречен взаемен пристап до пазарите, што нема повеќе да биде случај по Брегзит.

Над триста финансиски институции од Британија побараа дозвола да продолжат да работат во Европската Унија исто така.

-Ова е јасно гласање на доверба во британскиот сектор на финансиски услуги и добра вест за британската економија на услуги генерално – изјави Мајк Џонсон од консултантската фирма Бовил.

Тој додаде дека овие податоци покажуваат дека „Лондон останува единствениот вистински глобален финансиски центар во Европа и дека фирмите на континентот со глобални аспирации ќе продолжат да имаат потреба да водат бизнис овде“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!