Фото: Зоран Љугков / Фејсбук

Љутков: Спомен-куќите во Велес се во добра кондиција, правиме напори да ги ставиме во функција

Спомен-куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес. Министерот Љутков попладнево ја посети и куќата на Аликара во која сега живее семејството Апасиеви, која е ставена под заштита на државата и моментално се реставрира.

Тој за време на денешната посета на културните знаменитости на Велес беше со директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски и со директорот на НУ Народен музеj Велес, Ангел Коруновски. Тие денеска го посетија и Народниот музеј и манастирската црква на манастирот „Свети Димитрија“ кај Велес каде оваа лето се изведуваат конзерваторски работи од страна на тим на Националниот конзерваторски центар од Скопје.

Како што појасни Љутков, она што можел да види од посетата на спомен-куќите е дека се во некоја кондиција и оти реално ќе им биде потребно мало освежување и обновување за ставање во функција за посетители од земјава и странство.

„Направивме увид, ќе направиме анализа за да видиме што е тоа што во иднина треба да се помогне. Воедно ги разгледавме и сите можности како да се прошират овие капацитети. Едно е материјалната помош, а втората наша помош како Министерство и заложба е спомен куќите постојано да бидат отворени за посетители. Треба да го видиме и начинот на стопанисување, затоа што некои од нив се под ингеренции на Народниот музеј, а некои под ингеренции на локалната власт“, рече Љутков додавајќи дека по денешниот увид ќе направат солидна анализа и ќе се договорат што да прават за наредната 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!